Црна хроника
Уапсен еден од напаѓачите кои пукаа со автоматско оружје во Скопје
Вчера во 23.40 часот од ул.10 во скопското село Сингелиќ, полицијата го приведе Д.Ј.(29) поради „предвизвикување општа опасност“. Тој бил посочен како еден од напаѓачите кои пукаа со автоматско оружје во населбата Бутел.
„Околу 17,47 часот О.И.(32) од Скопје пријавил дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје во близина на новиот дел после подвозникот во близина на Земјоделски институт од патничко моторно возило „фолксваген пајтон“ и патничко моторно возило „ауди 4“ во кои биле четири непознати лица со автоматско оружје и пиштоли пукале кон застанато возило, а потоа и кон пријавителот, С.Х.(29) и Р.Х.(58) кои биле на плац во нивна сопственост.
По кажување на пријавителот тој во напаѓачите ги препознал Д.Ј. и А.М. На местото на настанот увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, при што биле пронајдени и подигнати за вештачење околу 20 чаури и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.