Црна хроника
Приведен крадец во Гостивар, одземеното вратено на сопственикот
Синоќа, околу 19.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, го лишиле од слобода 30-годишниот Ш. Ф. од гостиварско Чегране, кој претходно на улицата Борче Јовановски во Гостивар одзел скутер со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Џ. Р. (30) од Гостивар.
Скутерот бил пронајден и вратен на сопственикот, а Ш. Ф. бил задржан во Полициската станица Гостивар.
По целосно документирање на случајот, ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.