Црна хроника
Приведен крадец во Скопје, фатен при обид за тешка кражба
Денеска, во 2 часот, на булеварот Партизански одреди, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е. Д. (33) од Скопје.
Тој бил затекнат при обид за извршување тешка кражба во куќа на подрачјето на Центар и го признал делото.
Притоа кај него бил пронајден предмет што потекнува од кривични дела тешка кражба, пријавени на 27.6.2022 во Полициската станица Центар, а извршени во периодот од 25 до 27.6.2022, при што од книжарница на улицата Ѓуро Стругар во Скопје биле одземени повеќе уметнички слики, соопшти полицијата.
Лицето, како што информира МВР, им е предадено на полициски службеници од Полициската станица Центар за понатамошна постапка, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.