Црна хроника
Приведен крадец од Штипско, сторител на 22 тешки кражби
По преземените дејства од страна на штипската полиција, на 18 јануари бил уапсен 25-годишниот П. И. од селото Црвулево, општина Карбинци, поради сомнение дека е сторител на 22 кривични дела тешка кражба од куќи и на работни машини во селото.
Осомничениот од октомври 2020 до јануари 2021 на подрачјето на селото Црвулево сам извршил 11 кривични дела тешка кражба, а другите 11 кривични дела ги изршил заедно со 27-годишниот О. А. од селото Аргулица, насилно влегувајќи во куќи, од каде што одзеле разни предмети, работни машини и алати.
Некои од предметите се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. Се работи на целосно комплетирање на настаните по што против П. И. и О. А. до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.