Црна хроника
Приведен крадец, фатен веднаш по извршеното дело, украдените пари вратени на сопственикот
На 26.10.2022 во 23:05 часот на ул. 29 Ноември во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода О.М.(30) од с. Џепчиште, Тетовско.
Тој бил фатен веднаш по извршување кривично дело „разбојничка кражба“ во аптека на истата улица, каде што физички ја нападнал вработената и одзел пари од дневниот промет. Одземените пари биле пронајдени и вратени на сопственикот.
По преземени мерки било утврдено дека лицето било барано по потерница за издржување затворска казна од две години за сторено кривично дело тешка кражба по член 236 од Кривичниот законик.
По целосно документирање на случајот против О.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.