Црна хроника
Приведен кумановец кој украл паричник во здравствена установа во Скопје
На 11.1.2021 година во 11:30 часот на улица Филип Втори Македонски во Скопје е приведен Г.П.(33) од Куманово, сторител на повеќе кривични дела. По извршен разговор, Г.П. признал дека на 21.12.2020 година во приватна здравствена установа лоцирана на подрачје на Кисела Вода во Скопје, извршил кражба при што од чанта одзел паричник во кој имало 15.000 денари, како и две платежни картички. По извршеното кривично дело со едната картичка купил производи во вредност од 30,000 денари, додека со другата имал неколку неуспешни обиди за купување. По извршениот разговор, од лицето се одземени неколку картички од банки кои не се на негово име, одземени се исто така и парични средства. Кај Г.П. исто така е пронајдена и бела прашеста материја. Против него, по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.