Црна хроника
Приведен разбојник во Скопје
Синоќа во 21:40 часот на ул. Христо Татарчев во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.М.(31) од Скопје.
Тој се сомничи дека околу 21:15 часот во аптека на бул. Борис Трајковски, со употреба на сила кон вработената, се обидел да одземе пари од дневниот промет.
Ф.М. бил приведен во полициска станица и од него биле одземени предмети поврзани со кривичното дело.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 237 во врска со член 19 од кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тетовчанец агресивно се однесувал со полицаец кој вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера во 18.45 часот полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ.Ј.(37) од Тетово, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.