Црна хроника
Приведен разбојник на подрачјето на Бит-пазар
Вчера, во 9.30 часот, на подрачјето на Бит-пазар, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Центар и Бит-пазар – го лишиле од слобода С. Ј. (26) за кого имало локален распис.
Тој е баран во врска со кривично дело разбојништво во обид, извршено на 16.11.2021 во подземна гаража на станбен и деловен комплекс.
С. Ј. е приведен во полициска станица и по комплетно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.