Црна хроника
Приведен скопјанец за издржување затворска казна
64-годишен скопјанец е приведен од страна на полицијата за издржување затворска казна поради измама.
Вчера околу 15:30 часот на бул. Партизански одреди во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Карпош, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Б. А.К.(64) од Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело измама казниво по Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.