Црна хроника
Приведен скопјанец кој со оружје бил фатен кај Глумово
Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, до Основното јавно обвинителство Скопје ќе поднесе кривичнa пријавa против К. Ч. (44) од Скопје поради недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, казниво по член 396 од Кривичниот законик.
Како што соопшти Обвинителството, на 8 јануари, на регионалниот пат Скопје – Тетово, во близина на наплатната рампа кај селото Глумово, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје му извршиле преглед на К. Ч., при што биле пронајдени еден пиштол „црвена застава“, со една рамка и осум куршуми, една празна рамка и една празна кутија за муниција. Пронајдените предмети биле одземени и дадени на вештачење, а К. Ч. бил лишен од слобода и задржан во Полициското одделение Сарај за понатамошна постапка. По извршените проверки, било утврдено дека лицето не поседува соодветна дозвола за оружје. Во врска со настанот бил известен јавен обвинител, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.