Црна хроника
Приведен Србин на „Табановце“, управувал возило со фалсификуван сериски број
Во текот на вчерашниот ден на Граничен премин „Табановце“, при контрола на патничко возило „Мерцедес“ со српски регистарски ознаки, што го управувал 61-годишен маж од Србија, било констатирано дека серискиот број на возилото бил фалсификуван.
Лицето веднаш било приведено, а неговото возило било одземено.
Неколку часа подоцна поради понатамошна постапка лицето и возилото биле предадени на СВР Куманово, соопштија од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.