Црна хроника
Приведен 17-годишник од Битола, со закана од остар предмет крадел накит
Полициски службеници од oтсекот за општ криминал при СВР Битола извршиле службен разговор со 17-годишник поради основано сомнение дека на 28.12.2021, на улицата Мордо Нахмијас Лазо во Битола, со закана со остар предмет од Љ. Н. (20) од Битола му одзел личен накит.
Лицето во целост го признало и појаснило кривичното дело, дел од украдениот накит е пронајден кај него и ќе му биде вратен на сопственикот, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информира полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
По преземени оперативни мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип расчистија седум кривични дела, од кои пет кривични дела „тешка кражба“ и две „тешка кражба“ на дрзок начин извршени на територијата на Кочани од угостителски и продажни објекти и една од физичко лице, извести МВР.
„Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на делата, на 27.03.2024 од слобода бил лишен Е.Р.(37) од Кочани. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал кривичните дела, а поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Тетовец ја истепал сопругата
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер околу 21 часот и 35 минути во Тетово го лишиле од слобода 40-годишниот тетовец М.Е.
Тој претходно бил пријавен од неговата 43-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал.
Задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопштија надлежните.
Црна хроника
Приведен крадец во Кавадарци
Вчера во 18.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ф.Ј.(18) од Кавадарци.
Тој се сомничи дека извршил „кражба“ од дворот на манастирот „Свети Никола Моклишки“ во атар на с.Ваташа, кавадаречко, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.