Црна хроника
Прилепчанец на „Фејсбук“ повикувал да се запалат и убијат лицата дојдени од странство и сместени во хотел
Четириесет и двегодишен прилепчанец на „Фејсбук“ објавил фотографија од автобуси кои превезувале македонски државјани пристигнати од странство и биле сместени во хотел во Битола. Тој повикал лицата, донесени и сместени во хотелот, да бидат запалени и убиени.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.Ф., поради „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.