Црна хроника
Прилепчанка останала без 84 илјади денари на картичката
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Л.В. (47) поради постоење „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 3.12.2017 година, таа заедно со нејзината вујна Д.П. (82) од картичката на старицата извадиле 4.000 денари. Потоа пријавената прилепчанка ги зела парите и картичката. Во текот на декември 2017 година од картичката повлекла вкупно 80.000 денари, со што се стекнала со протвправна имотна корист од 84.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.