Црна хроника
Прилечанец во притвор откако се обидел да прегази полицајци
СВР Битола – Одделението за внатрешни работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава за спречување службено лице во вршење службено дејствие по член 382 од КЗ на РСМ против лицето Д.Х.К (35) од Прилеп.
На 19.03.2020 година по претходна наредба од Основен суд Прилеп да се изврши претрес во домот на пријавениот поради сомнеж за предизвикување на општа опасност, тој не бил пронајден дома.
Полицијата го пронашла во „аудиА6″ каде се движи по улицата ,,Прилепски бранители” и му дала знал да застане. Но тој се упатил на патот Прилеп-Македонски Брод, каде полицијата се обидела повторно да го запре, но тој не застанал и во неколку обиди сакал да ги прегази полицајците.
„Од страна на полициски службеник во воздух било пукано од пиштол, а во еден момент во с.Долнени,од страна на полициски службеник употребено е огнено оружје во левиот пневматик, по што возилото запрело. Во возилото се затекнати две лица Д.Х.К(35) и З.Ј(37) од Прилеп. Лицата се приведени во полициската станица Прилеп. Судија на претходна постапка при Основен суд Прилеп постапувајќи по предлогот за определување на мерка притвор на ОЈО Прилеп на осомничениот Д.Х.К(35) му определи мерка притвор“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.