Црна хроника
Притворен дилер на дрога во Битола
Судот му определи притвор на битолчанец во чиј дом биле пронајдени дрога и пари.
Основното јавно обвинителство Битола отвори истрага против едно лице во Битола за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
По извршен претрес во домот на осомничениот во Битола на 14 ноември биле пронајдени 4.233 таблети МДМА-екстази, 3473,4 гр амфетамин и 1631,4 грама марихуана, како и околу 2.500 евра и 200.000 денари.
Со отворање на истражната постапка, јавниот обвинител до Основниот суд Битола достави и предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице со цел непречено одвивање на кривичната постапка. Судот со решение го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.