Црна хроника
Притвор за велешанец кој истепал и ограбил две постари жени
Притвор за велешанец кој тепал и ограбил две постари жени во нивниот дом.
Според информациите од Основното јaвно обвинителство Велес, се работи за 32-годишен велешанец, кој на 6 март дошол во куќата на 77-годишна жена и побарал од неа да му даде пари и храна. Во моментот кога оштетената го отворила паричникот и од него извадила 100 денари за да му ги даде, осомничениот три пати ја удрил со бокс во пределот на левата страна од лицето и ја турнал. Жената паднала на подот, а тој продолжил со клоци да ја удира по телото. Потоа ѝ го одзел паричникот во кој оштетената имала уште 1.000 денари и веднаш избегал од местото на настанот.
На 5 април, осомничениот отишол во куќа во центарот на Велес каде што живеела сама жена на возраст од 78 години. Преку преградниот ѕид се префрлил во дворот од куќата, па по скалите се качил на терасата од вториот кат и преку прозорецот влегол во куќата. Се симнал на долниот кат каде седела оштетената и од неа побарал пари. Откако оштетената му одговорила дека нема пари кај себе, тој ја турнал од креветот и ја удирал со клоци по телото и главата, нанесувајќи ѝ телесни повреди. Пребарувајќи низ куќата, го пронашол паричникот на оштетената во кој имало 1.000 денари, ги одзел парите и околу 20 литри ракија кои ги пронашол во домот, па си заминал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.