Црна хроника
Притвор за гевгеличанец што произведувал марихуана, неовластено поседувал и оружје
Oбвинителството од Гевгелија донесе наредба за истражна постапка против едно лице од селото Кованец, осомничено за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Осомничениот од почетокот на мај 2022 година до 31 август неовластено, заради продажба, произведувал наркотична дрога марихуана.
Во куќа во изградба во близина на својата семејна куќа тој засадил 10 семки од растението канабис, кои редовно ги наводнувал и ги прихранувал со ѓубриво. Кога растенијата дошле во фаза на цветање, ги собирал цветните завршоци и ги сушел. При извршен претрес во куќата во изградба биле пронајдени осум засадени растенија канабис во висина од 1,5 до 2,9 метра, едно исушено растение, сушени делови од растението и дигитална вага. Исто така, полицијата пронашла и опрема – ламби и вентилатори во импровизирана лабораторија за сушење наркотична дрога марихуана. Во една од собите во семејната куќа осомничениот неовластено држел и огнено оружје и муниција, и тоа: малокалибарска пушка „тоз-16“, пет куршуми за малокалибарска пушка, како и пушка ловен карабин „црвена застава“.
Бидејќи постојат околности што го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на јавниот обвинител и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетничка од Куманово нападната од соученик
Вчера велер во 21.32 часот во СВР Куманово, 36-годишната З.Ф. од Куманово, пријавила дека додека се враќала од училиште нејзината малолетна ќерка со остар предмет била нападната од нејзин соученик, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кривична против тетовец: ја држел својата снаа затворена во домот и ја тепал
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 73-годишниот А.К. од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и „загрозување на сигурноста“, извести МВР.
„Имено пријавениот, својата снаа ја држел затворена во домот, физички ја напаѓал во повеќе наврати и и нанел повреди“, соопшти МВР.
Црна хроника
Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош
Вчера, во 13 часот, во Полициската станица Карпош од Јавната установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник, 17-годишниот Ч. С., кој и претходно се оддалечувал и бил враќан, извести МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.