Црна хроника
Притвор за две лица кои криумчареле 40 мигранти
Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против едно дваесет и четиригодишно лице и барање за поведување на подготвителна постапка против шеснаесетгодишно дете во судир со законот. Постои основано сомневање дека двете лица, жители на села во општина Желино, сториле кривично дело криумчарење мигранти од чл.418-б ст.4 в.в со ст.2 вв чл. 22 од КЗ.
Во раните утрински часови во текот на вчерашниот ден, на регионалниот пат с.Богородица – с.Стојаково, кај место викано ˶Табла Богородица˝, двајцата осомничени биле затекнати како прифаќаат 40 лица – илегални мигранти во ТМВ марка ˶форд транзит˝. Со намера да ги превезат до македонско-српската граница, осомничените ги товарале илегалните мигранти во задниот товарен дел на возилото. По извршен преглед на возилото, полициските службеници утврдиле дека покрај возилото и во неговиот внатрешен товарен дел се наоѓаат четириесет лица илегални мигранти од кои две малолетни лица. Осомничените се лишени од слобода и изведени пред судија на претходна постапка, односно судија за деца при Основниот кривичен суд – Скопје.
Предметниот обвинител ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, до судијата на претходна постапка и судијата за деца достави предлог за определување на мерката притвор за двајцата осомничени. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот со решение му определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека судијата за деца на детето во судир со закон му определи мерка – куќен притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.