Црна хроника
Притвор за жителка на Ресен која во алкохолизирана состојба предизвикала сообраќајна несреќа при што загина нејзиниот сопатник
Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.
На 28 ноември, на магистралниот пат Битола-Ресен, осомничената жителка на Ресен управувала автомобил „мазда 3“ под дејство на недозволено количество од 0,98 грам промили алкохол во крвта.
Во алкохолизирана состојба не ја приспособила брзината на автомобилот кон условите на патот – остра кривина и намалена ноќна видливост.
Како резултат на ова возилото излетало надвор од коловозот на левата страна и удрило во заштитната ограда.
Дел од оградата се откинал при ударот и навлегол во внатрешноста на возилото кон совозачкото седиште, а сопатникот во автомобилот се здобил со тешки телесни повреди на мозокот и починал.
По предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Битола определи мерка куќен притвор за осомничената.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.