Црна хроника
Притвор за лицето што нападна полицаец во Слупчане
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 32-годишен жител на сeло Слупчане, Липково, поради основано сомнение дека извршил кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
Како што наведе МВР, осомничениот на 29.9.2019 година со употреба на опасно орудие нападнал полицаец и го повредил. Полицаецот бил во состав на мото-патрола, упатена да го пронајде и приведе осомничениот во полициска станица. Во моментот кога службените лица го пронашле и презеле дејства за приведување, осомничениот го нападнал полицискиот службеник со метална шипка и му нанел повреда во пределот на стомакот.
Во насока на обезбедување услови за непречено одвивање на кривичната постапка надлежниот обвинител достави предлог до Основниот суд Куманово за определување мерка притвор за осомничениот. Судот по спроведена постапка донесе решение, со кое на осомничениот му е определен притвор во траење од 8 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.