Црна хроника
Притвор за прилепчанец кој запалил обложувалница, па се пријавил во полиција
Прилепското основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен прилепчанец, за кого постои сомнение дека сторил тешки дела против општата сигурност.
Како што информираат од обвинителството, осомничениот на 31 август, околу еден часот по полноќ со пожар предизвикал поголема имотна штета во висина од милион денари во обложувалница во Прилеп.
Тој купил 1,5 литaр бензин од бензиска пумпа, ставајќи го во пластично шише, па се упатил кон обложувалницата каде што пристигнал околу 1 часот.
Се доближил на растојание од 3-4 метри, пронашол поголеми камења и со истите скршил едно од стаклата покрај влезната врата.
Потоа влегол во внатрешноста на обложувалницата и почнал бензинот да го истура во објектот, најнапред околу шанкот и просторот каде што седеле вработените, а потоа во останатиот дел од обложувалницата.
Додека бил во внатрешноста, со кибритот што го носел со себе, го запалил бензинот и предизвикал пожар.
Откако го извршил кривичното дело, осомничениот со такси отишол во полициска станица во Прилеп и го пријавил настанот.
За осомничениот судот определил притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.