Црна хроника
Притвор за разбојник кој нападна и ограби кумановец
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишник од Велес со привремено престојувалиште во Куманово, кој е осомничен за кривично дело – Разбојништво од член 238 став 1 од Кривичниот законик.
На 20 ноември, тој со употреба на сила од друг одзел туѓ подвижен предмет со намера противправно да го присвои. Додека оштетениот се движел сам по улица во алкохолизирана состојба, осомничениот го забележал и го нападнал, удирајќи го со тупаници во главата и телото.
Од ударите оштетениот паднал на земја, па осомничениот од џебот му го одзел паричникот во кој имало парични средства во различни валути (100 долари, 150 евра и 4.000 денари), како и банкарски картички и други документи. По настанот, избегал од местото на настанот.
Бидејќи постои основан страв дека осомничениот може да се даде во бегство, надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор.
Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.