Црна хроника
Притвор за разбојник од Битола
СВР Битола поднесе кривична пријава против И. Р. (29) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело разбојништво. На 1.1.2020 од судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор.
Тој на 29.12.2019 во угостителски објект на улицата Широк сокак во Битола физички го нападнал А. Ш. (30) од Австрија, при што му одзел пари и лични документи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
71-годишна жена е хоспитализирана откако jа нападнале две лица
Денеска од Градската општа болница „8. Септември“ било пријавено дека кај нив за укажување лекарска помош дошла 71-годишна жена од Скопје.
Според пријавеното во МВР, таа се здобила со повреди вчера околу 20.30 часот при физички напад од лицата Ф.Г. и М.Н..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.