Црна хроника
Пријава за директор на училиште – организирал скапи екскурзии во Охрид
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И. А. (54) од с. Требиште, Гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата. Пријавениот, вработен како директор во СОУ „Маврово и Ростуше“, на 2.10.2018 организирал и спровел екскурзија без претходно објавен оглас и недозволено склучил договор со шест автопревозници за изведување на еднодневната екскурзија во Охрид, со што постапил спротивно на член 19, 20 и 21 од Правилникот за начинот на изведување училишни екскурзии. Исто така, И. А. на учениците за екскурзијата им наплатил цена повисока од реалната, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.