Црна хроника
Пријава за злоупотреби со превоз на ученици во Струга
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Т.Д.(54) од село Драслајца, Струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.
Во текот на 2016 и 2017 година пријавениот, како управител на правното лице „Д–Алек 09“ од село Драслајца, при аплицирање во постапка за јавна набавка за превоз на ученици во три основни училишта на подрачје на Струга, изготвил и поднел лажно уверение за платени даноци и придонеси за 2016 и 2017 година. По ова, истиот, како најповолен понудувач склучил договор за превоз на ученици со наведените училишта, со што се стекнал со противправна имотна корист во износ од 1.802.714 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.