Црна хроника
Пријава за скопјанец, преку „Фејсбук“ им се заканувал на пратениците
Полицијата поднесе кривична пријава против 49-годишен скопјанец за загрозување на сигурноста и ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Тој на социјалната мрежа „Фејсбук“ споделил објава со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието.
,,Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство – Скопје презеде мерки и активности поради споделена објава на социјалната мрежа ‘Фејсбук’ од страна на Б.Б. (49) од Скопје, со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието и поради ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 ‘загрозување на сигурност’ и по чл.394-г ‘ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем’ од Кривичниот законик”, соопшти МВР.
По наредба на Основното јавно обвинителство – Скопје, скопјанецот вчера бил повикан на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети со цел прибирање докази.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата [email protected], велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.