Црна хроника
Пријава против ексградоначалникот на Македонски Брод и уште шест лица за злоупотреби со имот
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против М.В.(60) од Македонски Брод за „помагање“ во врска со „злоупотреба на службена положба и овластување“, против Н.А. (57) од Скопје за кривично дело „поттикнување“ во врска со „злоупотреба на службена положба и овластување“, и против Д. К. (35) од Македонски Брод, Љ. М. (51) од Скопје, З. Н. (58), С. Ѓ. (60) и Ј. В. (57) од Македонски Брод за „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Во периодот од мај 2016 до јули 2017 година, првопријавениот, како градоначалник на општина Македонски Брод, формирал комисија за изготвувањето на локално урбанистичка планска документација за градежна парцела во атар на село Белица, по што петто, шесто и седмопријавениот, како членови на наведената комисија, во договор со првопријавениот, не прикажале инфраструктурен објект од јавен интерес – каптажа на извор за вода, кој се наоѓал на наведената парцела. Исто така, третопријавениот, како геометар и четвртопријавениот, како управител на друштво за геодетски работи „Гео-Модерн“ ДОО Скопје, изготвиле геодетски елаборати за парцели на подрачје на село Белица, во кои не го прикажале наведениот инфраструктурен објект. По ова, петто, шесто и седмопријавениот, по извршен увид на терен на наведената локација, ја потврдиле состојбата наведена во елаборатот изготвен од трето и четвртопријавениот. Потоа, била спроведена постапка за носење на локално урбанистичка планска документација и отуѓувањето на наведената парцела сопственост на Република Северна Македонија, и истата станала сопственост на второпријавениот, со што истиот се стекнал со противправна имотна корист – објект каптажа на извор за вода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.