Црна хроника
При ископ на песок пронајдена ловна пушка
При ископ на песок, во сепарација во близина на село Огњанци-Скопје е пронајдена ловна пушка. Случајот бил пријавен во Единицата за информирање и команда.
По пристигнување на полициски службеници од Полициско одделение Петровец, било констатирано дека се работи за стара ловна пушка, која во голема мера е оштетена и заради тоа не може да се утврди серискиот број. Известени се инспектори од ОНТ – оружје и увидна екипа кои ќе ја подигнат пушката на местото на настанот за превземање на понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.