Црна хроника
При кражба во маркет во Кочани, главен осомничен сопругот на вработената
Расчистена тешка кражба во маркет во Кочани, главен осомничен како што информира полицијата е сопругот на вработената во маркетот.
По преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани расчистија „тешка кражба“ извршена ноќта на 18/19.4.2021 од маркет на ул. Маршал Тито во Кочани, за кое осмоничен сторител е А.С., сопруг на вработена во маркетот, стои во писменото известување од МВР.
Од таму појаснуваат дека осомничениот А.С. ги земал клучевите без знаење на сопругата, влегол во маркетот и од кутија одзел околу 120.000 денари.
Паричните средства се одземени и вратени на сопственикот. Се работи на комплетирање на случајот по што против А.С. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, додаваат истражните органи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадел во викенд куќа во Берово: уапсен 36-годишен маж
Вчера во 18.40 часот во викенд куќа на ул „Туристичка“ во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б.Ч.(36) од Берово.
Тој бил затекнат при извршување на кривично дело „тешка кражба“ од викенд куќата, од каде одзел повеќе предмети.
Бил задржан во полициска станица и во службен разговор признал уште едно кривично дело „тешка кражба“ од друга викенд куќа.
Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против Б.Ч. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Двајца уапсени, пукале пред кафеана во Охрид
Денеска, во 00.15 часот, пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа 67-годишниот К. Б. и 37-годишниот М. П., двајцата од Охрид, извести СВР Охрид.
„Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол ‘радом’ во калибар од 9 милиметри, сопственост на М. П.“, велат од СВР Охрид.
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја нападнало 53-годишната О.Т. од Охрид и ѝ одзел пари, извести СВР Охрид.
„Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од СВР Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.