Црна хроника
При претрес во Скопје пронајдена дрога – приведени две лица
Денеска, во 00.45 и 1 часот по полноќ, на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф. С. (26) и К. Ч. (36), двајцата од Скопје.
При претрес во домот на Ф. С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и дигитална вага.
А при преглед на патничко возило „хонда“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал К. Ч., била пронајдена и одземена марихуана.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.