Црна хроника
Продавале балони на „Боемска“, кога ги избркале се вратиле со секира
Три лица кои во угостителски објект на улицата „Боемска“ продавале балони направиле инцидент кусо откако биле истерани од кафеаната, соопшти полицијата.
Продавачите им понудиле од балоните на три лица, гости во објектот, кои откако им кажале дека не се заинтересирани да купуваат, побарале од персоналот да ги отстрани. По кусо време продавачите на балоните се вратиле, но со секира. Едниот со секирата ја оштетил вратата од објектот, а потоа почнале со столици да фрлаат кон гостите.
Напаѓачите по кратко време го напуштиле објектот, но по интервенција на полицијата биле приведени двајца од нив во полициската станица Центар. Притоа, констатирано е дека се работи за лицата Д. Д. (25) и С. Д. (43), двајцата од Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.