Црна хроника
Пронајдена дрога во штипскиот затвор, затвореникот пакувањата ги фрлил од прозорец, а потоа признал дека се негови
Неколку пакувања марихуана и прашеста материја биле пронајдени во затворот во Штип, соопшти полицијата.
Од МВР појаснуваат дека на 14.6.2021 во 20.50 часот во СВР Штип од Казнено-поправната установа „Затвор Штип“ било пријавено дека се пронајдени неколку пакувања марихуана и прашеста материја.
Според пријавеното, затворските службеници забележале дека затвореникот Ф. З. ги фрлил од прозорец пакувањата, а потоа потврдил дека се негови. Дрогата била одземена од полициски службеници од СВР Штип за понатамошна постапка.
За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, велат надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.