Црна хроника
Пронајдено оружје во Лажани, приведен 32-годишен маж
Во координирана акција помеѓу Одделот за крим-полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп при СВР Битола, по наредба од судија на претходна постапка, денеска е извршен претрес на домот и други простории на лицето Е. З. (32) од с. Лажани.
Притоа биле пронајдени и одземени една автоматска пушка во калибар 7,62 мм, една пушка непозната марка во калибар 6 мм, две рамки за автоматска пушка, пет куршуми за пиштол во калибар 7,62 мм, два ловечки патрона во калибар 16 мм и еден куршум за пушка во калибар 7,9 мм.
Лицето е лишено од слобода и по изготвувањето соодветен поднесок од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилепм, ќе му биде предадено на јавен обвинител.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.