Црна хроника
Пронајден насад со канабис во Беровско
Полицијата пронашла 70 исушени растенија со исушени листови и цветови за кои се претпоставува дека е канабис. Растенијата биле пронајдени вчера при преглед на терен на патот Берово – Делчево.
„При преглед на терен во близина на местото наречено Негревска Крстосница и регионалниот пат Берово – Делчево, на парцела прекриена со отпад, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Пехчево пронашле 70 исушени растенија со исушени листови и цветови за кои постои сомнение дека се работи за насад од растението канабис.
Извршен бил увид на местото на настанот од екипи на Регионалниот центар за гранични работи Исток и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово. По наредба на јавен обвинител, растенијата биле транспортирани до ОВР Берово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадел во викенд куќа во Берово: уапсен 36-годишен маж
Вчера во 18.40 часот во викенд куќа на ул „Туристичка“ во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б.Ч.(36) од Берово.
Тој бил затекнат при извршување на кривично дело „тешка кражба“ од викенд куќата, од каде одзел повеќе предмети.
Бил задржан во полициска станица и во службен разговор признал уште едно кривично дело „тешка кражба“ од друга викенд куќа.
Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против Б.Ч. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Двајца уапсени, пукале пред кафеана во Охрид
Денеска, во 00.15 часот, пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа 67-годишниот К. Б. и 37-годишниот М. П., двајцата од Охрид, извести СВР Охрид.
„Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол ‘радом’ во калибар од 9 милиметри, сопственост на М. П.“, велат од СВР Охрид.
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја нападнало 53-годишната О.Т. од Охрид и ѝ одзел пари, извести СВР Охрид.
„Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од СВР Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.