Црна хроника
Пукање во Долна Матка, полицијата трага по сторителите
Непознати лица вчера пукале од огнено оружје во село Долно Матка.
Според информациите на МВР, инцидентот се случил околу 16 часот кога во полиција било пријавено дека на кејот на реката Треска неколку непознати лица пукале од огнено оружје.
„Полициски службеници излегле на местото на настанот. На земјен пат биле пронајдени повеќе патрони, кои биле подигнати за понатамошна постапка од увидна екипа од СВР Скопје“, соопштија од МВР.
Од таму додаваат дека се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.