Црна хроника
Пушки, пиштоли и над 1.000 куршуми пронајдени во домот на штипјанец
Оружје и муниција биле пронајдени вчера за време на претрес во домот и помошните простории на штипјанец.
Станува збор за 44-годишно лице, со иницијали М.Б. кое се сомничи за кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Од МВР јавуваат дека претресот бил извршен по претходна судска наредба.
„Од страна полициски службеници биле пронајдени автоматска пушка „хеклер“ калибар 9×19мм, малокалибарска пушка, пушка-карабин „симун“, пиштол „бровинг“ калибар 9 мм, револвер „гранд“ калибар 22 мм, револвер „таурус“, 1.119 парчиња куршуми различен калибар, како и разновидна дополнителна опрема за оружјето (оптички нишан, пригушувач и друго)“, информираат полициските власти.
Тој бил приведен во полициска станица, а пронајдените предмети се одземени. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
(Фото: Илустрација)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.