Црна хроника
Растурена роденденска забава во стан во Центар, запленета дрога и приведени 13 лица
Полицијата вчера растури забава во стан во центарот на Скопје и пронајде повеќе пакувања со кокаин, марихуана, „екстази“, амфетамин, масло од хашиш и друга дрога. Приведени се 13 лица на возраст од 22 до 31 година.
Според информациите на МВР, полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, вчера, околу 21.30 часот, извршија претрес на дом по претходно обезбедена наредба од Основниот кривичен суд Скопје во стан во центарот на Скопје, сопственост на правно лице.
При претресот се затекнати 13 лица, кои присуствувале на роденденска забава, а пронајдени се повеќе пакувања со кокаин, марихуана, „екстази“, амфетамин, масло од хашиш и друга дрога.
Приведени се М. К. (22), В. А. (28), М. И. (28), С. Г. (23), Р. Ј. (22), Р. В. (31), Г. А. (23), Н. К. (22), П. Г. (27), М. И. (21), Н. Ш. (23), Т. П. (22) и В. М. (23).
Од МВР велат дека некои од лицата биле и затекнати додека консумирале дрога.
Против сите приведени ќе биде поднесени соодветни пријави до надлежното Обвинителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.