Црна хроника
Ресенец се обидел да ограби банкомат, полицијата го приведе
Приведен е 36-годишник од Ресен, кој се обидел да изврши кражба од банкомат, соопшти полицијата.
Против него е поднесена кривична пријава поради тешка кражба во обид.
„На 15 декември, околу 2 часот, на улицата Мите Богоевски во Ресен, пријавениот, со употреба на сила и погоден алат, се обидел да изврши кражба од банкомат, при што скршил стакло од објект во кој бил поставен банкоматот притоа оштетувајќи го и него. Набргу М. М. бил лишен од слобода, приведен во полициска станица и во службен разговор го признал и појаснил делото“, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.