Црна хроника
Сакал да подмити цариник со 500 денари за да пренесе птица преку граница
Жител на село Звегор, Делчевско, со 500 денари сакал да подмити цариник на граничниот премин Делчево за да внесе жива птица од Бугарија во земјата за која немал дозвола.
Според информациите на МВР, завчера на влез во земјата од страна на царинскиот службеник при контрола на возило управувано од Д.Г. (55) од село Звегор, Делчевско, била пронајдена жива птица, при што на Д.Г. му било укажано дека доколку не поседува документи за птицата, треба да ја врати назад во Бугарија.
При евидентирањето во царинската евиденција, цариникот забележал дека во патната исправа на Д.Г. биле ставени 500 денари. По ова, Д.Г. бил приведен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против тетовец: ја држел својата снаа затворена во домот и ја тепал
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 73-годишниот А.К. од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и „загрозување на сигурноста“, извести МВР.
„Имено пријавениот, својата снаа ја држел затворена во домот, физички ја напаѓал во повеќе наврати и и нанел повреди“, соопшти МВР.
Црна хроника
Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош
Вчера, во 13 часот, во Полициската станица Карпош од Јавната установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник, 17-годишниот Ч. С., кој и претходно се оддалечувал и бил враќан, извести МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Уапсен ученик во основно училиште во Влае: скршил дел од инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници
Вчера, во 12.40 часот, во основно училиште на подрачјето на населбата Влае во Скопје, полициски службеници од ЕВР ОКР Карпош лишиле од слобода ученик (штитеник од Јавната установа за згрижување деца) поради тоа што околу 10 часот во училиштето, откако претходно скршил дел од инвентар, физички нападнал и соученици и двајца наставници, а го скршил и мобилниот телефон на еден од наставниците, извести МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.