Топ
Сандаци со куршуми од Втората светска војна пронајдени кај Машката плажа во Струга
Четири лимени сандаци со куршуми биле пронајдени при ископ во близина на Машката плажа во Струга.
СВР Охрид соопшти дека пронајдената муницијата потекнува од Втората светска војна.
По извршен увид од овластен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека станува збор за стара и оштетена муниција, која е безбедно е подигната од стручните екипи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Допирал по телото малолетно девојче: уапсен 50-годишен маж од Албанија
Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчеравечер, околу 20 часот, на улицата Гоце Делчев во Гостивар, го лишиле од слобода 50-годишниот А. Т. од Република Албанија.
Тој претходно бил пријавен од 54-годишен гостиварец дека на 14 и 15 овој месец во Гостивар, во два наврата, ѝ се доближувал на неговата малолетна ќерка и ја допирал по телото.
А. Т. е задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот по што против него ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.
Македонија
Демири со „Баланс МК“ разговараше за зголемување на опфатот на пациенти со инсулинска пумпа и сензори за мерење на гликемијата
Министерот за здравство, д-р Илир Демири, вчера, оствари средба со претставници на Асоцијацијата за детски дијабетес „Баланс МК“. На средбата разговараа за зголемување на опфатот на пациенти со инсулинска пумпа и сензори за континуирано мерење на гликемија.
„Министерството за здравство и ‘Баланс МК’ имаат успешна соработка, која продолжува и во следниот период со цел подобрување на квалитетот на живот на пациентите со дијабетес во земјата“, вели Демири.
Минатата година првпат се набавија 650 сензори за безболно мерење гликемија во крвата кај деца и млади до 18 години со дијабетес тип 1, бремени жени со дијабетес тип 1 и кај слепи лица.
Скопје
(Видео) Утрово се уриваше дивоградба во Ѓорче Петров: законот мора да важи еднакво за сите
Утрово, во скопско Ѓорче се уриваше дивоградба. Законот мора да важи за сите, порача градоначалникот на општината, Александар Стојкоски, кој сподели видео од уривањето.
„Нема да дозволиме провлекување поединци кои мислат дека се над законот. Денеска тоа го докажавме со почнувањето постапка за рушење дивоградба на државно земјиште. На странката ѝ беше даден предвидениот рок да постапи, но таа ги игнорира нашите предупредувања. Законската регулатива важи за сите исто. Нема заштитени или повластени, кои си играат детски игри на сметка на сите нас градејќи бесправно изградени објекти, без дозвола“, рече градоначалникот Стојкоски.
Вели дека во согласност со законската регулатива донеле решение за отстранување на објектот и нема да отстапат од намерите правдата да биде задоволена и еднаква за сите.
„Доаѓаат нови, добри и праведни времиња. Завршија деновите на провлекување и дупки во законот за правните и физички лица по разни основи и непочитување на правото. Цврсто стоиме на ставот да се справиме со сите што ќе намислат слично да постапуваат. Имајте предвид дека никој нема да биде поштеден“, порача градоначалникот.