Црна хроника
СВР Охрид: 105 не носеле маски, 11 не почитувале полициски час
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, (06/07.06.2020 година), на подрачјето на СВР Охрид, единаесет лица не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19 (Струга-2, Кичево-2, Дебар-7). Тие се приведени и против нив, ќе бидат поднесени пријави според членот 206-„непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Во истиот период, полициските службеници констатирале 105 прекршоци за не носење лична заштита на лицето (Охрид-49, Струга-28, Кичево-20, Дебар-08)). Ним, издадени им се прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19.
Во посочениот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 184 лица (Охрид-79, Струга-87, Кичево-18). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 121 контроли (Охрид-51, Струга-53, Кичево-17). Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 123 лица (Охрид-31, Струга-38, Кичево-14, Дебар-40). Врз овие лица, извршени се 87 контроли (Охрид-30, Струга-19, Кичево-8, Дебар-30). Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 94 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид-34, Струга-29, Кичево-20, Дебар-11).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.