Црна хроника
Се бара притвор за камионџија од Србија, кој предизвика сообраќајна незгода во која загинаа две лица
Гостиварското Основно јавно обвинителство поведе постапка против српски државјанин поради сомнение дека сторил кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
Осомничениот на 13 април управувал камион-влекач МАН со полуприколка, со српска регистрација, на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар.
Во близина на Ростушки мост не ја приспособил брзината на условите на патот, па на влажниот коловоз изгубил контрола врз камионот и се извртел.
Притоа, полуприколката преминала на спротивната сообраќајна лента и удрила во автомобил „хјундаи акцент“ со скопска регистрација, кој се движел во спротивен правец.
Во несреќата на самото место почина возачот на автомобилот, а еден од сопатниците им подлегна на повредите во болница.
Другите двајца сопатници во автомобилот исто така имаат тешки телесни повреди.
Со цел да се спречи осомничениот да ја напушти државата, јавниот обвинител до Основниот суд во Гостивар доставил предлог за определување притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.