Црна хроника
Се преврте камион полн со овци, возачот и сопатникот згрижени во гостиварската болница
Денеска, во попладневните часови, на магистралниот патен правец Кичево-Гостивар, во непосредна близина на мавровската крстосница, се случи сообраќајна несреќа, во кој со полесни повреди добиле две лица.
Имено, како што информираа од СВР Гостивар, во несреќата повреди добил 38-годишниот возач на камион-влекач со битолски регистарски таблички, кој бил од село Новаци, Битолско, како и неговиот сопатник од Битола.
Камионот, кој превезувал овци, излетал од коловозот, а приколката, во која биле сместени овците, се превртела. Двете повредени лица веднаш се згрижени во гостиварската болница, додаваат од СВР Гостивар.
Во несреќата настрадале 68 овци, а 29 се повредени, информираа од полицијата и посочија дека веднаш по несреќата, била повикана и ветеринарна служба за згрижување на повредените животни.
Од СВР Гостивар велат станува збор за несекојдневна сообраќајна несреќа и додаваат дека по овластување на јавен обвинител, тие веднаш излегле на местото на несреќата да извршат увид, но засегаа не се знае точната причина поради која дошло до превртување на возилото.
Сообраќајот, како што инфрмираа од полицијата, во овој момент е нормализиран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.