Црна хроника
Се пукало во скопско Батинци, еден ранет
Во понеделникот попладне, околу 18.10 часот во село Батинци-скопско на ул. „7“ додека М.Н.(44) се движел со М.Ш.(51) со возило кон нив било пукано од огнено оружје од страна на Ш.А.(29) од село Батинци.
М.Н. се здбил со прострелни рани во пределот на раката, ногата и стомакот, и тој по првично укажаната лекарска помош во Поликлиниката Драчево, со брза помош бил пренесен во Ургентниот центар.
Причина за настанот била расправија која ја имале со семејството на Ш.А. истиот ден.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.