Црна хроника
Се расчистува случајот во кој сопруга на гинеколог, без лиценца, направила царски рез во битолската болница
Битолското оновно јавно обвинителство оформи предмет по добиена анонимна пријава, во врска со постапувањето на гинеколози од Клиничка болница во Битола и едно лице, странска државјанка, за кое постои сомневање дека на 1 јануари годинава без лиценца за работа преземa медицинска интервенција.
Од СВР Битола вчера соопштија дкеа двајца доктори гинеколози во битолската болница, пречекорувајќи ги своите посебни овластувања во вршење на должноста, ѝ овозможиле на сопругата на едниот од нив, без соодветна лиценца за работа, да изврши породување со царски рез.
„Кон предметот е припоена и кривична пријава поднесена од СВР Битола против три лица заради преземени дејствија со кои ги пречекориле своите посебни овластувања и овозможиле лице без соодветна лиценца за работа да изврши оперативна интервенција врз родилка, односно породување со царски рез во ЈЗУ Клиничка болница Битола“, се наведува во соопштението на обвинителството.
По завршувањето на интервенцијата, едно од лицата во оперативниот дневник внело невистинит податок, односно во графата податоци за оператор ги внело своите податоци и податоците на колегата, а од стариот оперативен дневник отстранило страници на кои третото лице ги запишало извршените оперативни интервенции.
На 3 февруари 2021 година јавниот обвинител издал наредба за вештачење на Оперативни дневници на Одделот за гинекологија и акушерство при клиничката болница во Битола, за кои постои сомнение дека содржат невистинити податоци, односно се отстранувани страници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.