Црна хроника
Се судрија автобус и комбе на патот Велес – Штип
Сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 20 часот на патот Велес – Штип, кај местото Мамутчево, потврдија за ,,Макфакс” од МВР.
Од полицијата првично информираа дека сообраќајната несреќа се случила меѓу автобус и комбе. Полицијата прави увид на местото на несреќата. Повеќе информации за сообраќајната несреќа најавија за подоцна.
Засега нема информации дали има повредени или загинати во сообраќајната несреќа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.