Црна хроника
Се судрија автобус и ,,пасат” – две лица се повредени
Две лица се повредени при судар на автобус и ,,пасат” во Скопје. Според полицијата, несреќата се случила вчера во 18:50 часот на крстосницата од улицата Кузман Шапкарев со улицата Борис Сарафов.
Во сообраќајната незгода учествувале автобус ,,јутонг“ со скопски регистерски таблички управуван од Г.Н.(47) од Скопје и возило ,,фолксваген пасат“ со скопски регистерски таблички управувано од Р.Р.(42) од село Колари, Кичевско.
Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото М.Ј.(40) од село Зајас, а со телесни повреди се здобил возачот Р.Р. на кои им била укажана лекарска помош во комплексот клиники ,,Мајка Тереза“. На местото на настанот излегле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.