Црна хроника
Скопјанец добил пет убодни рани во угостителски објект на улицата Џон Кенеди
Од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во вечерните часови на 31 мај било пријавено дека кај нив со повреди во неконтактибилна состојба бил донесен 31-годишник од Скопје.
Дежурниот доктор констатирал дека повредениот има пет убодни рани во пределот на стомакот.
Според добиените информации, скопјанецот бил повреден во угостителски објект на улицата Џон Кенеди.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена скопјанка, во неа удрил „опел“
Вчера во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје, патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано 38-годишниот Ј.К. од село Марино, општина Илинден, удрило во пешакот, 64-годишната М.Г. од Скопје, извести МВР.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Уапсен Турчин на граничниот премин Ќафасан, на увид дал фалсификувана патна исправа
Денеска во 01.00 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода 48-годишниот Т.С.Т. од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана патна исправа, извести МВР.
Известен бил Јавен обвинител, а тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.
Црна хроника
Артилериска граната од Првата светска војна пронајдена во Битолско
Вчера во 08.47 часот во СВР Битола, В.К. пријавила дека при извршување работи на нива во село Драгожани, битолско, била пронајдена стара граната, извести МВР.
„Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за артилериска граната од Првата светска војна со калибар 75мм“, соопшти МВР.