Црна хроника
Скопјанец зел возило на пробно возење, но ниту го платил, ниту го вратил
42-годишен жител на Скопје се сомничи за затајување откако најпрво на проба зел патничко возило, но подоцна ниту го платил возилото според договореното ниту, пак, го вратил.
Од СВР Скопје известуваат дека поднеле кривична пријава против О.Ј.(42) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело затајување.
Пријавениот се договорил со П.В. да го земе патничкото возило „мерцедес C350“ на проба, а потоа да му исплати 1.600.000 денари до крајот на декември 2020 година.
Меѓутоа, до денот на пријавување на кривичното дело тој не го извршил плаќањето, избегнувал контакт, не одговарал на телефонските повици и не бил достапен, вели полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.